Тажната реалност за работата од дома и децата, прикажана преку детски цртеж

16 февруари 2021

Прија Амин, извршна директорка на компанијата Flexable и гостинка на TED конференциите, на Linkedin објави фотографија од детскиот цртеж кој и' го скршил срцето. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Priya Amin (@praman79)

Нејзиниот син е уметникот зад цртежот. Малиот има 6 години, па нацртал како изгледа работата на неговата мајка од дома. И' го покажал цртежот на Прија која во моментот се'уште работела на компјутерот. Таа објаснува:

,, Мојот шест годишен скн влезе во мојата канцеларија во домот и ми го покажа најновиот цртеж кој го нацртал. Фрлив еден поглед и му реков дека изгледа супер. Кога во наредниот момент убаво го загледав цртежот, здогледав неколку зборови кои ми го скршија срцето: "Мама дали си готова?", на што мајката одговара со "Не". Го здогледав часовникот кој покажуваше 18:05, а мојот список на обврски изгледаше километарски. Срцето ми се скрши. Иако не сакам да признаам, ситуацијата е таква скоро секоја вечер."

Прија Амин изјави дека способноста да ги одвои домашните обврски од работните е вистински предизвик со пандемијата и дека чувствува огромен притисок. Таа нагласува дека вината за недоволно поминатото време со децата, за данокот кој работата го зема врз физичкото и менталното здравје е тука.

Многу корисници на платформата се согласија со неа и ги споделија своите искуства. Работата од дома е меч со две острици. Од една страна сте физички присутни со своите деца, од друга страна, работното време како да не постои. Пораките се многубројни, состаноците задолжителни, а обврските бескрајни. Еден од корисниците напиша: ,,Работам напорно за да му пружам на синот подобра иднина, а иронијата е во тоа што во текот на овие важни години за неговиот раст и развој, јас скоро и да немам време за него"

Објавено:
16 февруари 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
531 пати