Владимир Путин - Најзгодниот маж во Русија полни 69 години

7 октомври 2021
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го прославува 69 роденден.
 
Годинава, поточно во април, според резултатите од јавна анкета која ја спровела Superjob.ru, тој е прогласен за најзгоден односно најсекси маж во Русија. Победата му ја носат 18% машки гласови и 17% женски, што е уште поинтересно.
 
Така, тој е единствениот кој има мешани гласови, а ниту спортисти, ниту актери не му биле ни блиску.
 
Инаку, според анкетата, 19% од мажите се именувале самите за најубави/најсекси, додека пак 18% од жените сметаат дека во Русија нема згодни и секси мажи.
 
Кога е Путин во прашање, постојат уште неколку интересни податоци кои ги најдовме, а кои зборуваат за неговиот карактер и личност, што можеби досега не сте ги сретнале.
Следат во продолжение:
 
-Неговата поранешна сопруга Људмила изјавила дека кога е работата во прашање, тој е неверојатно точен. Но, кога е приватниот живот во прашање - доцни. Таа вели дека се случувало да го чека и по повеќе од еден час, а тој да се правда дека е поради работата, иако таа смета дека причината била што приватно се опушта и не внимава на времето.
 
-Со години наназад собира географски карти и поштенски марки со познати личности.
 
-Путин ги носи часовниците исклучиво на десна рака. Низ годините носел часовници од различни луксузни брендови, меѓу кои Blancpain, A. Lange & Söhne, Breguet, Patek Philippe. Кон крајот на минатата година за еден медиум објаснил дека кога го носи часовникот на десната рака, тогаш “круната“ на часовникот не му прави непријатности и белези.
 
-За Путин досега се снимени 13 филмови - 12 документарни и еден долгометражен филм „Бакнежот на Путин“.
 
-Путин обожава животни. Тој има и своја зоолошка градина, која најмногу се состои од животните кои ги добил на подарок - четири кучиња, коза, нејзиното бебе и пони.
 
-Сака долго да спие и првиот оброк во денот сака да го има околу пладне.
 
-Обожава да плива и на пливање оди после појадокот, време кое го користи за размислување.
 
-Дедо му бил готвач и своевремено готвел и за Сталин.
 
-Црниот појас во џудо го има од 18-годишна возраст, а и денес тренира боречки вештини, за кои вели дека за него претставуваат животна философија. Во 1974 години бил и универзитетски првак во џудо.
 
-Работел како радиски водител во своето средно училиште и ги пуштал „Битлси“.
 
-Не живее во Москва, вели дека главниот град му е пренатрупан, па живее на негова периферија.
 
-Не користи Интернет, го смета за несигурен и збунувачки.
 
-Не пуши и многу ретко пие.
Објавено:
7 октомври 2021
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.176 пати