Заборавениот генијалец: Чарлс Џејмс, првиот американски куториер

22 јануари 2014

Во високата мода од 20-от век, помеѓу неприкосневените мајстори како  Диор, Шанел и Ланвин... се заборава на едно значајно име кое ги поместува креативните граници во модниот дизајн:  Чарлс Џејмс, првиот голем американски куториер кој многумина го препознаваат како „заборавениот генијалец“.

Своевремено почитуваниот дизајнер, во екот на својата кариера создавал раскошни, скулптурални, вонземски уметнички дела за дами кои можеле да си го препуштат било кој луксуз, но нивниот избор бил автентичниот богат дизајн на Чарлс. Меѓу неговите инспиративни музи се жените кои важат за највлијателни стилски икони на минатиот век како: Марлен Дитрих, Остин Херст, Барбара Палеј (Babe).

Англо-американскиот дизајнер (18 јули 1906 – 23 септември 1978) на 19-годишна возраст во 1926 година во Чикаго ја отвора својата прва продавница со која не успева да се наметне на околината, па затоа неколку години подоцна се дислоцира во Њујорк и започнува самиот да креира шапки и облека во сопственото ателје.

Една од своите најуспешни колекции ги презентира на париската недела на висока мода во 1947 година и тогаш уште еднаш ќе се потврди како генијалец кој на применетата уметност кој тој ја работи и дава чиста уметничка форма. Честопати игнорирајќи ги временските сезони, креира безвременски парчиња како за него преознталивите скулптирални наметки изработени од раскошни ткаенини, често користејќи крзно и рачен вез, спиралните фустани и палта од бел сатен.

По изложбата во 2011 година во Историскиот музеј во Чикако насловена „Charles James: Genius Deconstructed", за претстојната пролет се најавуваат уште две изложби посветени на делото на незаменливиот креативец и потсетување на неговото име. На осми мај во музејот Метрополитен во Њујорк се отвора изложбата "Charles James: Beyond Fashion", а при крајот на истиот месец ќе се отвори уште една поставка во Хјустон, насловена , "A Thin Wall of Air: Charles James".

Објавено:
22 јануари 2014
Категорија: 
Стории