Заминување на Кансаи Јамамото, дизајнерот што се грижеше за стилот на Дејвид Боуви

30 јули 2020

Модниот свет неодамна се збогуваше со дизајнерот Кансаи Јамамото, најпознат по соработката со Дејвид Боуви. Почина на 76-години, како последица од долго боледување од леукемија. Може да се рече дека е еден од предводниците на јапонските дизајнери, кој успеа да им го отвори патот на другите генерации.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Clive Arrowsmith (@clive_arrowsmith) onJul 30, 2020 at 1:49am PDT

Сепак, тој е еден од првите јапонски дизајнери кои учествувале на Лондонската модна недела и тоа во 1971 година. Препознатлив по колоритната естетика и андрогени креации, Јамамото го привлече вниманието и на легендарниот Боуви и придонесе за визуелниот идентитет на неговото алтер его - Зиги Стардаст.

Едно од највпечатливите парчиња од таа соработка е црниот „винил“ комбинезон, со бели линии. Во комбинација со црвената коса на Боуви и впечатливата шминка во текот на турнејата во 1973 година, се испиша историја.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by LUCENTEMENT (@lucentement) onJul 27, 2020 at 7:41am PDT

А приказната за тоа како започнала соработката со нив двајца, дизајнерот ја раскажа пред неколку години.

Во интервју за „Холивуд Репортер“ Јамамото изјави дека Боуви се заинтересирал за неговата работа, кога ги пронашол неговите креации на распродажба на женска облека во Лондон.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Patricia Bolaños (@lapatbol) onJan 9, 2020 at 9:55am PST

„После мојата прва ревија во Лондон, облеката беше однесена во продавница насловена „Бостон 151“. Дејвид таму го купил комбинезонот со зајаци. Јас не бев сместен во градот, но отсекогаш чувствував дека Лондон е местото каде што се чувствувам најудобно и каде мојата облека е најпочитувана. Искрено, во тоа време работата на Боуви не ја познавав најдобро. Јас повеќе бев визуелен отколку аудитивен тип. А кога Дејвид ги носеше моите женски креации, луѓето беа многу изненадени. Креациите беа дизајнирани за да ги носат жени. Кога размислувам, за него тоа беше бизарна работа. За среќа, Дејвид имаше витко тело, па облеката совршено му одговараше. Се случи некаква хемија. Мојата облека стана дел од неговата работа, песни и музика. Стана дел од пораката која тој ѝ ја испраќаше на светот“, вели дизајнерот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by db. Love, esteem and respect

Инаку, Боуви инсистирал дизајнерот да дојде во Њујорк, а познаник на Јамамото по телефон му рекол: „Има една интересна личност што мора да ја запознаеш".

„Ако некој одново и одново те бара во три часот наутро, веројатно се работи за нешто важно и возбудливо", ќе рече Кансаи Јамамото години подоцна. Ги откажал плановите за наредната недела и со првиот авион долетал за Њујорк. „Интересната личност" за која познаникот му кажувал, била токму Дејвид Боуви. Од аеродром, дизајнерот отишол право на настап на Боуви, каде Дејвид веднаш се појавил и тоа во неговата облека.

„Моите креации прво ги гледав на професионални модели, но тоа беше првпат да ги видам на музичар. Одеднаш почувствував како да го знам отсекогаш", вели дизајнерот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by izayoi (@izayo_i168) onJul 30, 2020 at 2:24am PDT

И пред да го  запознае, Боуви веќе бил голем фан на Јамамото, благодарение на стилистот Јако Такахаши. Во 1972 година во Лондон, Боуви се сретнал со Такахаши, кој веќе работел со Ти-Рекс и Иги Поп. Стилистот бил тој што го облекол Боуви во женска облека, зад која се потпишуваше токму Јамамото.

„Кансаи е многу млад дизајнер и мошне популарен во Јапонија. Секако, Дејвид направи да биде уште попопуларен. Посебно меѓу музичарите. Се сеќавам дека ми се јави Кит Емерсон и ми рече дека сака да носи облека од Кансаи. Неговите креации беа унисекс. На Дејвид многу му се допадна комбинезонот со „балон“ ногавици и плетените бодија во интензивни бои. Го земавме Боуви со нас во Токио и тој се вљубив во тамошната кич атмосфера и колоритните продавници. Уживав што можев да му помогнам. Навистина сакам драматична облека“, се присетува стилистот.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @premierenotation onJul 29, 2020 at 12:08pm PDT

Освен со Боуви, Кансаи соработувал и бил пријател и со Елтон Џон и Стиви Вондер. Последните години, работел за други модни куќи, имплементирајќи ја својата естетика и јапонското наследство во колекции на „Живанши“, „Рик Овенс“, “Марк Џејкобс“ и други.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sustainable Clothing Maker (@mods_rockers_fashions) onJul 29, 2020 at 10:10am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ZUANSHIGOU (@zsgzuanshigou) onJul 29, 2020 at 8:55am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Terence Chu (@terence_ccc) onJul 29, 2020 at 7:28am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Coloured David Bowie (@coloured_david_bowie) onJul 29, 2020 at 7:12am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Andrea Nardi (@lo_smanna) onJul 29, 2020 at 6:43am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @marcamagazine onJul 28, 2020 at 10:29pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kazue Mizushima (@kazuemizushima) onJul 29, 2020 at 10:28pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Deborah Kuzma @californianativegirl) onJul 29, 2020 at 5:41pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Pedro E Martinez (@pedritomiamol) onJul 29, 2020 at 1:34pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Linda Powell (@lindapowellpatterncutting) onJul 29, 2020 at 11:54am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Anthony Frazzini (@afrazzini) onJul 28, 2020 at 7:20pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Phyllis Leibowitz (@phylleib) onJul 28, 2020 at 5:56pm PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by kolinmendezphotography (@kolinmendez) onJul 28, 2020 at 8:53am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by brpress (@br_press) onJul 28, 2020 at 7:17am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by KAZUMI (@kazumi1401) onJul 28, 2020 at 7:06am PDT

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by M.A.D.S. (@madsmilano) onJul 28, 2020 at 6:32am PDT

 

 

 

Објавено:
30 јули 2020
Категорија: 
Стории
Прочитано:
231 пати