Запознајте ги најуспешните машки модели

29 септември 2014

Модната индустрија ги фаворизира жените и тоа е факт. Затоа, публиката не можеме да ја обвиниме што нема големи познавања за машките модели. И бројките од заработувачката на машките и женските модели одат во корист на овие вториве. Но, машки модели постојат и се важен дел од модниот свет. Дел од нив сепак успеаја да се искачат до врвот и да станат препознатливи, па токму затоа и да се здобијат со статусот модна икона.

download_840_472

Така, веруваме дека ако некој ве праша да наведете име на еден машки модел, веруваме дека прв на ум ќе ви падне Дејвид Ганди. Британецот со впечатливи сини очи е еден од првите синоними за Долче и Габана, бидејќи тие многу придонесоа за неговото популаризирање и искачување на модната сцена, барем кога се хонорарите во прашање. Неговиот лик стана бренд кој одлично котира.

tyson-feature_840_472

Тајстон Бекфорд важи за поп-икона и е еден од најуспешните машки модели на сите времиња.  Миксот на кинески, панамски и јамајкански гени се покажа како успешен, па тој стана миленик на Гучи, Томи Хилфигер и Келвин Клајн. Магазинот „People“  го вброи во 50-те најубави луѓе на светот. Верувале или не, ова момче веќе има зад себе 20 години искуство во светот на моделингот, а моментално неговите обожаватели можат да го видат во шоуто „Next top Model“, во улога на судија.

34046-800w_840_472

Миленик на Карл Лагерфелд е пак, Бред Кроенинг. Дизајнерот го „откри“ во 2003 година, а моделот оствари соработка и со Томи Хилфигер, Шанел и Фенди.

jon-kortajarena-59_840_472

Своето деби го имаше кај Армани и Џон Галијано, а тоа му помогна да изгради богата модна кариера. Џон Кортахарена стана секс-симбол, многумина го споредуваа со шпански заводници, а во 2009 година се најде на листата на Форбс на „10-те најуспешни машки модели“, како осми.

sean-opry-the-fashion-spor_840_472

Истата година, прв на гореспоменатата листа беше неодоливиот Шон О'Прај. Континуираната соработка со Версаче, Келвин Клајн, Хуго Бос, Армани и уште многу други познати имиња од модниот свет, го направија ова момче вистинска машка модна икона.

mark-vanderloo-gq-germany_840_472

Во текот на 1990-тите Марк Вандерлу работеше преку 50 ревии на неделно ниво и токму затоа многумина за него велат дека го опустошил модниот свет. Речиси и да нема познат бренд со кој не соработувал, важи за голем професионалец, а иако денес е во петтата деценија од животот, се' уште работи мошне активно, на што можат да му позавидат многу помлади колеги.

tony-ward_840_472

Во CV -то на Тони Вард ќе наидете на искуство како актер, фотограф, сликар и секако модел, за што говорат и познатите имиња со кои соработувал. Стивен Мејсел, Стивен Клајн, Карл Лагерфелд и Тери Ричардсон се само дел од соработниците, а во 1990-тите беше познат и како момче на Мадона. За сега има 22 тетоважи и е во шестата деценија од животот, но многумина се согласуваат со тоа дека никогаш подобро не изгледал.

извор:Fashion.hr

Објавено:
29 септември 2014
Категорија: 
Стории