Знаевте ли дека јапонскиот џинс е најскап на свет?

19 октомври 2019

Кога ќе ни спомене некој џинс, една од првите асоцијации ни е Америка. Но, сосема можеби неочекувано, јапонскиот џинс има репутација на најдобар на светот. 

Познат е по врвниот квалитет. Се прави од памучен кепер, на кој конецот на рабовите поминува низ две или повеќе основи. 

Ако внимателно погледнете некои од фармерките што ги имате дома, ќе забележите дека вертикалните рабови се бели, односно со бел конец. За повеќето производи од џинс кои денеска се прават, се користат ситетички бои, кои секако се поевтини и содржат помалку валканици отколку природните фарби. За премиум џинс пак, се користат природни бои.

Кога е квалитетот во прашање, важен е и самиот материјал. Цената на производство на таканаречениот "selvage" џинс е многу висока, затоа што може да се ткае само со ширина од 78 сантиметри, што е половина од стандардната варијанта. Исто така, тој се прави на стари разбои, кои бараат поголема вештина и прецизност. Ткаењето е погусто, но не и изедначено, па има доста недостатоци. Сето тоа прави секој пар фармерки да е приказна за себе.

Но, со годините, џинсот станува сè подобар.

Така, Јапонците станаа доминантни за најквалитетен џинс, благодарение на начинот на ткаење и користењето на природните бои со кои се бојадисува.

Хидехико Ѕамане е еден од првите дизајнери на премиум џинс. Користејќи се со традиционалните методи, тој правел 14 пара фармерки дневно. За брзо време, успеал да изгради репутација на најдобар светски произведител на фармерки. Цената по која ги продавал одела и до над 100 долари, што во тоа време било исклучително скапо.

Неговиот пат го продолжија и други, а пазарот на квалитетен, луксузен џинс стана сè поактивен. Речиси секоја светска модна куќа имала линија на јапонски џинс, а некои достигнувале цена и од 2.000 долари. Се работи за моделот Momotaro's G001-T Gold Label, направени рачно и обоени со помош на природно индиго. Со тоа што со текот на време тие не се осветлуваат бидејќи бојата продира и во јадрото ја памукот, ја оправдува високата цена.

Исто така, како поминуваат годините, фармерките почнуваат да се изработуваат од сè потемен џинс. Материјалот се ткае на разбој на кој се прави свилата за кимоно, а за изработка на еден метар, потребно е околу осум часа. Копчињата се од сребро, додека на задните џебови има свилен конец. 

Кога ќе бидат готови, фармерките се ставаат во специјална Seto морска вода. Комплетната изработка трае година ипол.

Објавено:
19 октомври 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
719 пати