Зошто кашмирот е уникатен и поскап од другата волна?

4 јануари 2014

Кашмирната волна или попозната како кашмир е ткаенина изработена од Кашмирната коза и некои други видови на кози. Всушност, иако се вбројува меѓу другите видови на волни, кашмирот е всушност животинска коса. Процесот на добивање  кашмир трае долг период, најпрво се потстрижува острото влакно на козата на пролет, за потоа на есен тоа сосем да се преработи за да се отстрани она што е остро, да се исчешла под вратот на козата од која може годишно да се добијат само 150 грама волна.

Кашмирска коза Кашмирска коза

 

Кашмирот во себе има два до три пати повеќе ланолин од мерино волната со која се меша и комбинира. Тој е мек, сјаен и со силна структура, која секогаш чини повеќе од останатите ткаенини, пред се поради тоа што се произведува многу малку на глобално ниво, а процесот не е едноставен. Секогаш има недостаток од оваа луксузна волна, а замислете дека за да се направи еден џемпер од кашмир, потребни се влакна од повеќе од две кози.

Кашмирот најмногу се произведува во Монголија, а според историчарот Мишел Маскиел кој има напишано книга за овој драгоцена ткаенина, објаснува дека уште пред 1900 година Иранските и Индиските цареви носеле шалови од кашмир кога оделе во политички и верски дејствувања.

Кон крајот на 18-ти век текстилниот шкотски производител Џозеф Досон, почнал да увезува кашмир од Индија во Шкотска и во неговата фабрика изработувал шалови. Нив ги купувале само високата класа жени, што пред се ја ценеле мекоста и топлината што ја даваат производите изработени од волна од коза. Но, не секој кашмир ја има максималната префинетост, острината и дебелината на влакното влијае и на цената, а исто така боењето дополнително ја окрутува текстурата.

 

Но, репер за квалитет е кашмирот од Монголија, зашто таму суровата зима на козите им создава густо влакно што автоматски го има повеќе. Во денешно време Кина е најголемиот снабдувач на суровини за да се направи кашмир волна, но и Европа исто така го владее производството на кашмирот, а цените се најскапи токму на овој пазар. Најголемата фабрика за производство на кашмир се наоѓа во Гоби на југот од Улан Батор.

 

Оваа државна фабрика е основана  пред 24 години и натаму се вбројува меѓу најголемите производители на кашмир во целиот свет. Секоја година се испорачуваат илјада тони од оваа благородна волна кои потоа се претвораат во шалови, пуловери и кебиња што се дистрибуираат во целиот свет. Од Гоби кашмир добиваат и германските синџири за облека Бети Беркли или Пек и Клопенбург.

 

Можеби облеката која што е изработена од кашмир чини  повеќе, но барем знаете дека избирате квалитет кој што трае долго време.

 

Објавено:
4 јануари 2014
Категорија: 
Стории