Зошто креациите на Зухаир Мурад доминираат на црвениот килим

17 ноември 2016

Џенифер Лопез е долгогодишен клиент на Зухаир Мурад. Таа само му праќа порака да ѝ креира три клучни креации за настапот во Лас Вегас и тоа е сè. Софија Вергара го праша да ѝ ја направи венчаницата од соништата. Ел Фенинг предизвика воздишки на минатиот Кански филмски фестивал, токму во негова креација.

На листата негови клиенти се и Кендал Џенер, Каја Гербер, Габриел Јунион, Џејн Фонда, Фан Бингбинг и уште многу други.

Во што е неговата тајна?

Сите што сакаат женствени крации, богато украсени и заводливи, се потпираат на Зухаир Мурад.

-Никогаш не станав дизајнер за црвен килим намерно. Немав таква цел. Јас само дизајнирав фустани што ги прават жените убави и што прават тие да сонуваат – тоа е мојата цел – вели дизајнерот за WWD.

Роден во Балбек, Либан, уште на 10-годишна возраст се заинтересирал за мода и почнал да прави скици. Иако нема формално модно образование, во 1997 година го отвора првото ателје во Бејрут и многу бргу успеа да го следи чекорот и да изработува фустани по мерка.

Две години подоцна, ја  претстави првата колекција за Висока мода во Рим, а во 2001 година презентираше коллекција и во Париз, време кога дизајнерите од Средниот Исток беа уште гледани одозгора. Покрај Ели Саб, Џорџ Чакра и Џорџ Хобеика, Мурад помогна за перцепцијата за овие дизајнери да се развие, како и за модниот сензибилитет во целиот регион.

Знакот, признанието и одобрувањето што Мурад го доби од Француските модни институции дојде во 2012 година, кога Синдикатот на дизајнери од Висока мода го изгласа за гостински член. Таа година, тој го дислоцираше ателјето во Бејрут во поголема зграда, каде што отвори дизајнерско студио и бутик за венчаници. Потоа отвори и студио и работилница во Париз, а на двете места вработи околу 300 луѓе.

Неговото „пробивање“ на црвениот килим се случи во 2010 година, кога Џенифер Лопез носеше една од неговите креации на Мет Галата во Њујорк.

-Таа беше магична и сите ја обожуват. Сите сакаа да знаат кој го дизајнирал фустанот – се присетува дизајнерот.

Оттогаш па до денес, Лопез му е верна на Мурад и на големите настани како „Златни глобуси“ или „Оскар“ носи негови креации. Минијатурните верзии на неговите дизајни се појавуваат дури и на две од куклите со ликот на Џеј Ло, кои излегоа во 2013 година.

-Дизајнот на Зухаир Мурад е исклучителен и безвременски, но истовремено уникатен и освежувачки. Иако ви изгледаат можеби едноставни на прва, ти се полни со драматичност, впечатливост и гламурозност. Многу внимание е посветено на деталите како и материјалите од кои ги изработува. Тој прави нослива уметност – ќе каже пејачката и актерка.

После неа, тој ќе успее да создаде бројни познати клиенти, меѓу кои се и Тејлор Свифт, Бијонсе, Кети Пери.

-Моите фустани се како добра магија. Затоа тие се враќаат повторно и повторно – смета Мурад.

Но, работите не одат секогаш по план. Во 2012 година, на „Еми“ наградите, Вергара на социјалните мрежи сподели фотографија со прекрасен фустан од дизајнерот, но со расипан патент, што предизвика да се видат делови од телото што не се пожелни да се откриват. Сепак, зад сцената успеале на време да го зашијат проблематичното место.

-После тоа, јас бев во 10-те најпребарувани дизајнери на „Гугл“.

За нејзината веначница се договарале преку „Скајп“ и мејлови. На фустанот работеле 30-тина луѓе, а биле потребни повеќе од 1.000 часа работа. Уште поинтересно е што, после тоа повеќе од 300 идни невести посакале сличен фустан за нивните венчавки.

Дизајнерот е свесен дела познатите се најголеми придвижувачи и промотери на неговиот бизнис.

-Кога жена ќе види дека позната личност носи фустан до Зухаир Мурад на црвен килим, веднаш има реакција. Се случува да добијам порачки во истиот момент – открива дизајнерот.

Неговото влијание на модата на црвениот килим особено се гледа преку транспаретните фустани.

-Сакам сè што е блиску до кожата, како тетоважи, затоа што ако ставиш линија, тогаш ја губиш сета рачна изработка – а тоа е штета. Со транспарентноста, деталите се гледаат подобро. Не можете многу скромна жена да облечете во таков фустан. За тоа ви е потребен вистински став, жена со одреден тип „персоналити“ – објаснува Зухаир.

Тој признава дека поседувањето и водењето на сопствен бизнис може да биде исклучително стресно.

-Тоа е свет во кој сè е убаво, но исто така полно со тензија. Секогаш постои некаков рок. Порано правевме две колекции годишно, сега треба да правиме 12 – вели Мурад.

Сепак, тоа не ги намалува неговите амбиции. Оваа година ја отвори и продавницата за чевли во „Хародс“, а сака да отвори и бутици во Њујорк и Лос Анџелес, да ја надогради презентацијата за ready-to-wear колекција, што ќе вклучува целосно шоу во Париз следниот март и да ја прошири линијата модни додатоци.

-Ние никогаш не запираме. Секогаш постои нешто повеќе што може да биде направено – порачува дизајнерот.

Објавено:
17 ноември 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.336 пати