Интервју со Татјана Алексиќ: ЕЛЕНА ЛУКА за секоја пригода и доба од животот

12 јуни 2024

ЕЛЕНА ЛУКА, нашиот најдобар моден бренд е составен дел од животот на многу дами, без разлика на нивната возраст и професија. Татјана Алексиќ, професорката по македонски јазик и книжевност во скопската гимназија "Раде Јовчевски Корчагин", грациозна и елегантна како секогаш досега, преку една убаво конципирана приказна, каде што ни прикажува дека ЕЛЕНА ЛУКА ја придружува и во деновите каде се носи поопуштена облека, и во деновите каде треба деловниот изглед да доминира, и во вечерите каде женственоста треба да се истакне преку свечена тоалета, ни раскажа за нејзината соработка со ЕЛЕНА ЛУКА:

"Кога ќе влезеш во приказната на ЕЛЕНА ЛУКА, не можеш да излезеш. Тоа е како една бајковитост во секојдневието и постојано ти внесува некоја драматичност од која не можеш да се одлепиш. Нашето дружење со ЕЛЕНА ЛУКА трае одамна, поточно две децении. Јас се вљубив во онаа нејзина прва пионерска ревија која беше во име на хуманитарноста и собра многу материјални средства за да може да покрие хумани потреби на македонскиот народ. ЕЛЕНА ЛУКА стигна до онаму каде што е сега, и не само што е архитект на нашиот стил, таа и гради во секојдневието и од бетон знае да направи приказна. Сметам дека ова е еден бренд и една фабрика на добар стил, и дека секоја жена без разлика на својата возраст може да најде начин да се чувствува пријатно, и откако ќе дојде во просториите на ЕЛЕНА ЛУКА, да си отиде стилски." - ни изјави Татјана.

"ЕЛЕНА ЛУКА е сериозен македонски бренд, нешто што веќе е влезено во историјата на македонската мода и сметам дека е вљубеник во жените, има култ кон жената, кон Македонката, и кон секоја жена воопшто, и онаа што е домаќинка, и онаа која е во бизнис фелата. Со ЕЛЕНА ЛУКА можете на улица, можете на пазар, на Водно да џогирате, па сѐ до оние тоалети кои се за дворски импресии како на Виенскиот бал и за сите свечени моменти во животот на една жена. ЕЛЕНА ЛУКА увиде дека може да си поигра со мене како една обична учителка од секојдневието и сосема аматерски влегов во таа нејзина игра. Како што секојдневно си играм со моите Корчагиновци кога правиме претстави, така си играм и со ЕЛЕНА ЛУКА и со задоволство ги прифаќам овие експерименти. Целта е да ја доближиме обичната жена преку нејзините модели и да покажеме дека не се работи секогаш за висока мода. ЕЛЕНА ЛУКА буквално има облека која може да ја вклопите и во секојдневието, и кога си на работа, и ние учителките, и докторите и правничките, и адвокатите и било која професија и тоа во секој дел од секојдневието. ЕЛЕНА ЛУКА е за наутро, напладне и навечер, секаде можеш да си ја земеш најдобрата другарка, а тоа е ЕЛЕНА ЛУКА." - ни сподели таа.

"Поводот за овој проект е љубовта и взаемната почит што ја имаме со ЕЛЕНА ЛУКА. Со овој проект сакавме да им покажеме на нашите сограѓани, на цела Македонија па и надвор од Македонија, дека стилот не е само начин на облекување, туку начин на живеење, а кога живееш со моделите на ЕЛЕНА ЛУКА едноставно си стилски обележан. Само треба да се следи патеката како црвен тепих сѐ до брендот ЕЛЕНА ЛУКА, а така треба и низ животот, да чекориш сигурно, затоа што заводлива и секси жена е онаа што е сигурна во својот чекор, без оглед на тоа дали е во спортска облека и обувки или на високи потпетици." - ни истакна Татјана. 

ЕЛЕНА ЛУКА е моден бренд, концепт и приказна која совршено прилега на секоја жена, во секоја доба од животот, за секаква пригода, и со магијата што ја носи со себе, ги надополнува потребите на секоја жена за самоуверено и сигурно да чекори низ животот. 

Г-ѓа Татјана Алексиќ со својот шарм кој извира од неа и нејзината компетентност во полето на кое работи и делува во општеството, е идеален пример за жена која гордо ја носи убавината на годините и привилегијата да се биде жена и да се создава, а заедно со ЕЛЕНА ЛУКА создаваат еден свет на непоколеблива убавина, страст и сензибилност родена од нежноста на ткаенините, интелигенција исткаена од книгите и моќ каква што само симбиозата од уметностите ја носи.

 

 

Објавено:
12 јуни 2024
Категорија: 
Актуел