Еве како изгледа совршен кроасан на виенски начин

17 октомври 2023

Виена е една од најпознатите и најпосетените европски метрополи, а причини за тоа има многу. Од архитектурата и културата, па сè до шопингот и гастрономската понуда.

Доколку сте биле во овој град знаете дека изобилува со кафулиња и слаткарници кои просто мамат да ги посетите.

А кога сме веќе на темата кафе и нешто слатко, мораме да го споменеме CRO – место што ги спојува двете задоволства на совршен виенски начин.

Она што нема да ве остави рамнодушни се нивните кроасани, коишто покрај извонредниот вкус, предизвикуваат и со својот изглед. Крцкави, однадвор, меки одвнатре со совршен крем и глазура по француски рецепт cо виенски шмек.

CRO е отворен пред неколку месеци од сопственик кој пекарскиот занает го изучувал во француска слаткарница. Освен сензационалните кроасани, самиот ентериер има интересни детали како натписот на ѕидот I don’t speak French except CROISSANT, но и прекрасно уредениот излог со мајсторските слатки.

Зелениот кроасан е еден од најинтересните полнет е со џем од малина, а одозгора прелиен со крем од фстаци. Тука е и тој од ванила со примеси на лимон и пуслици и розовиот кроасан зад чија што инспирација е филмот Barbiе.

Па, доколку патот ве однесе до Виена наша препорака е токму кроасан од CRO.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vienna Food Blog (food_uncover)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by mihaela baciu | (miha.maria)

Фото: Instagram

Објавено:
17 октомври 2023
Категорија: 
Вкусно