Оливија Мун во впечатлив бел фустан на манифестацијата Time Women of the Year

На годинешната манифестација Time Women of the Year, актерката Оливија Мун доби почесно признание. Таа заедно со уште 12 храбри жени се најде на насловната на престижниот магазин.

Мун, на која во 2023 и беше дијагностициран рак на дојка, доби одликување од Time токму поради нејзината несебична заложба и ангажман за подигање на свеста кај жените за болеста.

Секоја година магазинот одбира жени кои со своето делување се борат за подобро општество или делуваат инспиративно за останатите.

На настанот којшто се одржа на 25-ти месецов, Оливија, 44, носеше креација од индискиот дизајнер Гаурав Гупта.

Белиот фустан изгледаше како вистинско уметничко дело со прецизно обликувани скулптурални линии коишто даваа впечаток на движење и флуидност.

Впечатливата тоалета без прерамки, Мун ја дополни само со обетки со цел акцентот да биде ставен токму на фустанот.

Фото: Instagram

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian