Бизнис колекција: Бидете различни, а во иста кошула

6 јануари 2015

IMG_9820

Водени од потребата за беспрекорен, а во исто време и практичен стил, тимот на модниот бренд Елена Лука создаде Бизнис колекција која ќе ги задоволи сите ваши потреби, кога е деловниот стил во прашање.

Жоржетна кошула пак, е нешто што секоја жена треба да го поседува во својот плакар, бидејќи е практично и погодно за многу пригоди. Токму една таква ќе ви предложиме, а веруваме ќе стане вашето омилено парче за комбинација.

IMG_9780

Кошулата е во пудра боја, а во пределот на јаката има две ленти, што се трасформираат на повеќе начини. Ова овозможува да си играте со комбинациите и секој ден да бидете различни. На тој начин ќе си заштедите и време, а и пари.

IMG_9807

Дали ќе одлучите да ја комбинирате со здолниште или панталони во црна боја како на сликата, или пак ќе се одлучите за друга соодветна боја, изборот е ваш. Она во што сме сигурни е дека нема да згрешите и ќе се радувате на секоја нова комбинација, во која ќе изгледате женствено, претставително и тренди.

IMG_9773

Објавено:
6 јануари 2015
Категорија: 
Без категорија