Бизнис колекција: Црно здолниште – незаменлива класика

23 декември 2014

Црното здолниште до колена е незаменлива класика во деловниот имиџ на секоја дама.

Доколку преферирате уникатни парчиња со дизајнерски потпис, тогаш совршена варијанта се црните здолништа од брокат, од Бизнис колекцијата на Елена Лука.

Одличен избор за деловен состанок, но истовремено лесно прилагодлив и за коктел забава со пријателите или со деловните партнери. Здолништето ја следи силуетата на телото, во пределот на половината има превртувања, а странично има отворено мал шлиц.

Соодветно здолништето се комбинира со кошули, како на пример од богатата понуда од оваа Бизнис колекција од која издвојуваме три различни варијанти.

Бела кошула од памучен пуплин, која наместо класична јака има шал јака Оваа кошула може да ја врзувате во зависност од вашата кретивност.

Или пак одберете кошула изработена од висококвалитетен жоржет во црна боја или во пудреста нијанса.

Бидејќи во моментов се актуелни и претпразничните забави, доколку деловниот изглед е ваше секојдневие, ова здолниште може лесно да го прилагодите и за една таква забава со колегите, со тоа што изгледот ќе го заокружите со богат накит.

Објавено:
23 декември 2014
Категорија: 
Без категорија