Бизнис колекција: Деловни комбинации со здолниште и кошула

2 декември 2014

collage1

Ако сте од оние жени што претпочитаат здолништа отколку панталони во деловните комбинации, тогаш ова е вистинскиот предлог за вас, а Елена Лука ќе ви помогне во изборот.

el-biznis-05-04

За вашите дневни состаноци и активности одберете жоржетна кошула во пудра боја, која во пределот на јаката има две ленти, што се трансформираат на повеќе начини, па така можете да добиете различен изглед.

collage2

 

Белото здолниште од штоф со сјај има метален патент по средината на здолништето, што дава една спортска нота. Формите во горниот дел, кои играат улога на џебови, ја надополнуваат целата композиција и ја прават уште повпечатлива.

el-biznis-05-06

Црна кошула од високо квалитетен жоржет е секогаш добар избор, а шал јаката кај овој модел дава можност кошулата да се трансформира на повеќе начини.

el-biznis-05-01

 

Ова класично парче искомбинирајте го со бело здолниште од штоф со сјај, кое има превртувања во пределот на половината, што го прави интересно и несекојдневно. Оваа комбинација е идеална за некои вечерни состаноци и деловни посети.

el-biznis-05-02

Веќе нема потреба да размислувате за тоа што ќе облечете. Изборот е јасен. Бидете модерни, самоуверени и успешни!

Објавено:
2 декември 2014
Категорија: 
Без категорија