Фустан со должина до колена со три-четвртни ракави е едно од есенцијалните модни парчиња во плакарот на секоја деловна дама.
Предноста на овој тип на фустан е што соодветно може да се комбинира и на работното место, но и во амбиент на различни свечени и неформални настани.
Модната куќа Елена Лука во својата актуелна Бизнис колекција нуди богат избор на фустани со таков крој изработени од различни материјали и со различни дезени со цел да се прилагодат во стилските профили на деловните жени.
Едната варијанта е фустан изработен од брокат во кралско сина боја со парче во V израз во пределот на деколтето кое е финиширано со брендирана златна плочка.
Втората варијанта е фустан со истиот крој, меѓутоа овој пат со пепито дезен кој соодветно може да се комбинира со црно деловно сако и елегантен бисерен накит.