Бизнис колекција: фустан за празнична деловна забава

1 јануари 2015

Празничните забави и  дружењата со колегите продолжуваат и во новата година. Убавото расположение поткрепете го и со пријатен изглед  во удобна облека која истовремено ќе ја истакне вашата женствена префинетост.

Од Бизнис колекцијата на Елена Лука ви препорачуваме елегантен фустан изработен од памучен материјал со интересна јака  од тантела со цветни апликации од еко кожа,што може да се врзува на повеќе начини.

Втората варијанта е фустан со истиот крој, но изработен од штоф со мека текстура во сива боја, додека јаката која и во овој случај може да се врзува на различни начини, е изработена од памучен сатен.

Фустанот може да го комбинирате со топлите палта и капути од истата колекција, со што ќе го заокружите вашиот топол стајлинг за опуштените забави во овој празничен период.

Објавено:
1 јануари 2015
Категорија: 
Без категорија