elena-luka-biznis-03-03

Секоја цел можете да ја достигнете ако сте соодветно облечени. А во тоа ќе ви помогне и Елена Лука со новата бизнис колекција. Сите жени што држат до убав и репрезентативен стил знаат дека секое парче е важно.

Едно од нив е и капутот. Со оглед на студените денови што доаѓаат, како и со фактот дека тоа е парчето што прво се забележува, Елена Лука денеска ви ги презентира волнени капути во различни бои.

elena-luka-biznis-03-02

Она што го прави интересен е појасот што се врзува странично, во пределот на струкот. Според својот сензибилитет и чувство за мода, парчето можете да го одберете во темноцрвена, пастелно розова и црна.

elena-luka-biznis-03-01

Под капутот можете да одберете некоја од останатите деловни парчиња – кошула со различни врзувања во пределот на вратот во комбинација со здолниште или панталони, како и некои од фустаните.

Така стокмени и сигурни во себе, ќе немате никаква пречка до успехот!

Објавено:
25 ноември 2014
Категорија: 
Без категорија