Бизнис колекција: Волнен капут за повеќе пригоди!

15 јануари 2015

Во екот на зимата, волнениот капут нека биде вашиот најдобар пријател што ќе ви ги стопли најстудените денови. Токму таков, можете да најдете во модната куќа Елена Лука како дел од нивната актуелна бизнис колекција.

Волнениот капут е во сива боја со должина до колената. Истиот можете да го носите во две варијанти, со црно еко -крзно на јаката кое пак се вади ако сакате да го носите со некоја лежерна комбинација.

Црното еко крзно на капутот му дава вистински елегантна и луксузна нота која го издвојува од сите останати. Доколку се решите капутот да го носите без крзно, истиот ќе биде одличен сојузник на секоја ваша работна комбинација или пак на сите оние што ги обожувате за прошетка.

Со само еден детаљ, овој капут можете да го прилагодите на секоја ваша комбинација, за која веруваме дека ќе биде одлична  со ова раскошно зимско парче.

Она што е особено важно, е дека како подарок за новогодишните празници, модната куќа Елена Лука најавува 20 проценти попуст токму на овој капут во кој сме сигурни дека се заљубивте!

Објавено:
15 јануари 2015
Категорија: 
Без категорија