Пролетта како годишно време кое сите со нетрпение го очекуваме, може да биде навистина инспиративен моден стимул за сите матурантки кои сакаат нивната матурска креација да излезе од монохроматските нијанси и да се втурне во морето на боите. Водејќи се секогаш од желбите на своите клиенти со цел да се задоволат потребите и на оние матурантки кои имаат мошне истанчен вкус, модната куќа Елена Лука денес ви презентира стилизирана долга тоалета во тиркизна боја.

Креацијата е целосно изработена од тафт материјал, а структурата на модниот израз соодветно и контрира на еднобојноста. Стилизираниот горен дел е корсетиран за да ја нагласи вашата половина. Фустанот лелеаво паѓа по должината на телото во вид на преклоп, нагласен со провокативен шлиц и дискретна златна плочка со потписот на брендот. Тоалетата напред е малку пократка, а странично и позади е подолга и креира волуменозен круг што гламурозно го нагласува вашиот чекор.

За да се постигне ефектот на модна кохезивност, ви предлагаме со оваа тоалета да комбинирате клач-чанта и златни сандали изработени од лакирана високо квалитетна кожа со сребренкаст сјај, украсени со златни плочки, дело на Елена Лука. Благодарение на  трендовската игра со графички форми и облици чантата ќе му даде модернистичка визија на изгледот, а стилизираните сандали ќе соодветствуваат со горниот дел од тоалетата и ќе предизвикаат хармоничен склоп на луксузност, елегантност и женственост. Обојте ја вашата матурска ноќ во некоја од боите на пролетта и бидете вистинска модна дива на подиумот.

Објавено:
15 април 2014
Категорија: 
Без категорија