Велигденските празници завршија, а потрагата по идеалната креација за вашата матурска ноќ сè уште трае. Ако е така, погледнете го денешниот стајлинг што креативниот тим на модната куќа Елена Лука го одбра токму за вас. Доколку сакате да изгледате како принцеза од бајките или како Алиса во земјата на чудата, тогаш денешната комбинација е вистинското решение за вас.

Фустанот во горниот дел го краси корсет во крем нијанса изработен од памучен сатен што завршува со впечатливо стилизирано деколте кое дискретно ја нагласува вашата провокативност. Долниот дел од фустанот е во светло сина боја изработен од повеќе слоеви органтин, што брановидно паѓаат и креираат волуменозно здолниште. По должината на целата креација суптилно се навезени цветни апликации од мониста и камчиња, а за да се постигне што погламурозен ефект и релјефна композиција, низ креацијата се лелеават и цветови моделирани од органтин.

Женственоста и луксузот одат во пакет со елеганцијата, затоа, за целосна и софистицирана визија на вашата бајковита креација, Елена Лука ве советува да одберете мала клач-чанта направена од светкава мрежа украсена со сребрени камчиња, и светло сини сатенски сандали со впечатливо ремче на глуждот изработено со светкави камчиња во сребренкаст сјај.  Со изборот на оваа неверојатно нежна креација, сензуалноста и романтиката ќе бидат вашиот главен адут на матурската ноќ.

 

Објавено:
22 април 2014
Категорија: 
Без категорија