BanerEL27

Најновата колекција на брендот Елена Лука насловена „Златни узди“, содржи модели во кои сме сигурни дека голем број од матурантките, ќе се пронајдат, а еден од нив е секако и денешниот предлог.

Се работи за тоалета во сиви нијанси, кај која покрај кројот, за раскошноста придонесува и материјалот од кој е изработена. Свилата, во случајов проткаена и со златна нишка од ламе, е посебно пријатна за носење, а воедно дава и нота на гламурозност. Горниот дел е во изведба на корсет, а здолништето е изработено од свила и органтин, со што долниот дел е транспарентен. Исто така, здолништето е збогатено со фалти од страните и една голема на средина, со што фустанот станува уште повпечатлив, а ваквото решение придонесува да ги истакнете облините на вистински начин.

Двата дела на фустанот пак, се разделени со  навезени украсни големи камења на половината, а централно е поставена плочка со логото на брендот.

Кога се модните додатоци во прашање, приказната се завршува со чевли и чанта во сребрена боја, од истата колекција, изработени од високо квалитетна, лакирана кожа. Чантата е впечатлива поради интересниот дизајн со спој на различни геометриски форми, а чевлите со ременче и тока на која е вткаено логото на Елена Лука го комплетираат изгледот.

Објавено:
29 април 2014
Категорија: 
Без категорија