Еуфоријата по повод матурските забави е во полн ек. Затоа, модната куќа Елена Лука за сите оние што сè уште не ја одбрале својата креација за матурската ноќ, денес има навистина интересен и едноставен стајлинг.

Станува збор за котел фустан што нежно ја следи силуетата на вашето тело. Основата на фустанот е изработена од високо квалитетен сатен, обложен со органтин во црна и сива боја. Впечатливиот дизајн е акцентиран со брановидна игра на цветови, направени од органтин, што романтично се лелеават долж фустанот почнувајќи од деколтето. Во горниот лев агол од деколтето, каде се изоставени апликациите на цветови, има вметнато правоаголна златна плочка со името на брендот.

Со оваа едноставна, цветна и неверојатно софистицирана композиција ви предлагаме да комбинирате сандали во златна нијанса украсени со инвентивна игра на ремчињата кои што се фиксирани на глужд, клач-чанта со цветна игра на дезен како на фустанот во златна и црна нијанса и мали обетки во форма на цвет во златен и црн тон. Класичните тонови на коктел фустанот, гламурозната линија и префинетиот крој нека бидат вашиот заштитен стилски знак со кој што ќе ги маѓепсате сите на матурската забава.

Објавено:
16 мај 2014
Категорија: 
Без категорија