Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг #13

10 јуни 2014

Се чини дека ова лето на свеченостите ќе им нема крај. Сите имаат различни поводи за славење и добра забава. Затоа,  за да не се вознемирувате во поглед на тоа што ќе облечете и да изгледате како вистинска стилска дама, посетете ги салоните на модната куќа Елена Лука.

Денес повторно ви презентираме два нови изгледи кои совршено ќе се вклопат во вашето секојдневно или вечерно модно живеење.

За дневниот изглед Елена Лука ве советува да се одлучите за модел од најновата колекција „Златни узди“. Станува збор за дводелна комбинација на блуза изработена од бел транспарентен жоржет структурирана во популарниот крој пеперутка. Специфична е изработката на ракавите кои во предниот дел се широки и лелеаво паѓаат по должината на вашите раце. Блузата е комбинирана со здолниште со висок струк и должина до колена кое во предниот дел е украсено со асиметрична игра на кроеви од ламе, а основата е во црна боја целосно изработена од жерсе. Во поглед на кројот здолништето целосно се прилагодува на конституција на вашето тело, креирајќи модна визија која е во знакот на женствениот изглед и елегантниот од.

За вашето вечерно уживање, модната куќа ве советува да се одлучите за долг бел фустан изработен од жоржет, исто дел од прекрасната летна колекција „Златни узди“. Горниот дел на тоалетата е корсетиран, а материјалот слободно паѓа во пределот на струкот каде мошне впечатлив е додатокот од златна кожа украсена со гравирани златни плочки. Страничните џебови на самата тоалета и даваат нота на спортска-елеганција, а шлицот во предниот дел провокативност и суптилност.

Доколку ви се допаднаа денешните предлог стајлинзи следниот чекор што треба да го направите е да закажете термин во некој од салоните на Елена Лука и да си дозволите да поседувате барем едно вакво луксузно парче во вашиот плакар.

Објавено:
10 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија