Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг #22

23 јуни 2014

Се чини дека од денес ќе имаме вистински тропски горештини. За сите вас кои со нетрпение чекавте да дојдат топлите летни денови еве  одлична можност да си се подновите со некое ново модно парче. Во салоните на Елена Лука од денес пристигнаа новите  модели и дизајни на преубави летни креации од најновата летна колекција насловена „Summer colours“. Ултра уникатните креации ќе направат да изгледате модерно и тренди, но и да  се чувствувате  удобно и пријатно како во текот на денот така и во вечерните часови.

За вашата дневна варијанта, креативниот тим на Елена Лука ве советува да одберете краток фустан од памучен материјал кој со неверојатна леснотија ќе им пркоси на летните горештини. Фустанот е во популарната X-форма. Горниот дел има спуштени рамена кои дискретно го нагласуваат деколтето во V израз. Креацијата ја истакнува половината и полека се шири во долниот дел. Мошне впечатливи се страничните џебови кои на фустанот му даваат спортско елегантен изглед. Принтот од ситно попрскани цветови по целата должина на моделот му даваат весел  изглед. Уживајте под сонцето и собирајте воздишки бидејќи вие сте единствени во вашата креација на Елена Лука.

За вашиот вечерен стајлинг пак, Елена Лука ви предлага макси лелеав фустан во А крој, кој романтично се бранува по вашата силуета следејќи го секој ваш чекор. Урбан модел кој дефинитивно ќе го обои вашето вечерно уживање. Принтот од ситни цветчиња стилизирани по должината на фустанот, му даваат тропски вибрации на овој модел. Почувствувајте го летното ветре и дозволете си модно уживање во креациите на Елена Лука.

 

Објавено:
23 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија