Елена Лука ви предлага дневен и вечерен стајлинг #3

27 мај 2014

Модната куќа Елена Лука ви предлага дневен и вечерен изглед…

10

За дневниот изглед модната куќа Елена Лука ви предлага удобен фустан до колена. Со оглед на топлото време, овој фустан без ракави ќе биде идеално решение за вашиот денешен деловен изглед. Изработен е од жерсе и тоа во две нијанси на виолетова. Темната е во пределот на вратот, половината, со што се истакнува овој дел од телото и над колена. Исто така, поради средишниот темен дел, се добива впечаток дека се работи за дводелна комбинација, иако во прашање е фустан, што овој избор го прави уште попривлечен и интересен. Во пределот на вратот, ова парче кое ја следи линијата на вашето тело, е украсено со темновиолетови дискретни плочки. Оваа светла комбинација е дополнета со крем  чевли, а вие, модерни и впечатливи, сте подготвени за уште еден успешен ден.

4 - new Copy

Кога е вечерниот изглед прашање, повторно се работи за фустан, но овој пат во црно-бела комбинација. Оваа креација од последната колекција на брендот насловена како „Golden reins“, е идеална за топлите вечери. Фустанот е изработен од органтин во  долениот дел  и со  фалти во пределот на половината. Горниот дел е без ракави, исто така со фалти кај струкот, каде пак има и плочка со изгравирано лого на брендот. Изгледот не би бил комплетен без црните чевли од истата колекција, изработени од висококвалитетна кожа. Комбинацијата на бои е вечна класика, а кројот и материјалите овозможуваат да се чувствувате пријатно, лесно, лелеаво.

Без разлика како ќе одлучите да ги комбинирате овие креации и во која пригода, од модната куќа Елена Лука ви ветуваат дека ќе се чувствувате удобно, впечатливо и максимално тренди, а со тоа ќе ви помогнат уште повеќе да ја нагласите вашата убавина и женственост.

Објавено:
27 мај 2014
Категорија: 
Без категорија