Викендот само што не започнал, а со него и ноќните долги забави. Вие погрижете се за уживањето, а модната куќа Елена Лука ќе се погрижи за вашиот стилски израз. Неодамна  лансираната  специјална летна колекција насловена „Summer Colours“ дефинитивно ќе внесе свежина и веселост во вашето урбано модно секојдневие.

За денес, креативниот тим се одлучи за макси фустан, изработен од високо квалитетен памучен материјал. Моделот е струкиран во горниот дел па се до половината, а во долниот предел е пуштен во форма на полн глок. Дизајнот е олицетворение на вистинска апстрактна игра на контрастни бои и инвентивен крој кој претставува спој на неколку парчиња што целосно ја разбиваат монотонијата на композицијата и ја нагласуваат уникатноста и оригиналноста на фустанот.

Бидете вистинска ноќна кралица во моделите на Елена Лука.

Објавено:
10 јули 2014
Категорија: 
Без категорија