Викендите вообичаено се резервирани за свеченостите кои ова лето се во полн ек. За да ви помогне во изборот на соодветна креација од  која ќе блеснете на претстојните забави, модната куќа Елена Лука ви предлага креација од деликатна тантела.

Станува збор за коктел фустан, изработен од комбинација на згужван сатен и златна тантела.  Делот околу деколтето е во V-израз, додека пределот кај торзото е  струкиран се до струкот. Конструкцијата продолжува  во А-крој и нежно се бранува по должината на вашите нозе, а  завршува со впечатлива бордура. Композицијата на моделот е во форма на преклоп кој особено е нагласен кај деколтето, а во долниот дел завршува со провокативен шлиц кој има улога  да ја нагласи елеганцијата  и префинетоста.

За да ја истакнете вашата совршена силуета, дизајнот на моделот вклучува и сатенско ременче на половината кое е врзано во панделка и на целата структура и дава шармантен и романтичен изглед.

Бидете храбри и заведувајте во софистицираните модели на фустани кои го носат потписот на Елена Лука.

Објавено:
11 јули 2014
Категорија: 
Без категорија