Спортската еуфорија заврши, па дами редно време е да се вратите на пиедестал. Машките погледи повторно ќе бидат вперени само во вас. Затоа, за стартот на новата летна работна недела, модната куќа Елена Лука ви предлага софистициран  и елегантен стајлинг.

Станува збор за коктел фустан во темно виолетова боја. Основата на фустанот  целосно е изработена од сатен, а низ него суптилно контрира играта со штеповани фалти од шифон свила. За да се нагласи уникатноста на композицијата моделот изобилува со креативен мозаик на геометриски крој што хармонично ги сплотува штепованите фалти. Горниот дел е корсетиран и го нагласува женското  деколте. Моделот е украсен и со златна кружна плочка на која е изгравирано логото на куќата.

Бидете модерни и секогаш со оригинален стил, бидете и вие дел од големото модно семејство на Елена Лука.

Објавено:
14 јули 2014
Категорија: 
Без категорија