За да блеснете во вистинско романтично светло овој викенд и покрај дождливите прогнози, модната куќа Елена Лука повторно предлага магична креација за вас.

Станува збор за фустан со должина до над колена изработен од комбинација на згужван сатен и деликатна тантела. Делот околу деколтето е во V-израз, додека пределот кај торзото е струкиран со вметнато сатенско ременче за да се акцентира половината. Композицијата продолжува во А-крој и нежно се лелеави по должината на вашите нозе, а завршува со впечатлива бордура во долниот дел. Конструкцијата на моделот е во форма на преклоп со особено нагласени раменици во еднобојна крем нијанса кои даваат острина во целата мекост на дизајнот.

Креацијата ја брануваат пастелна палета на бои и тоа светло розова, зелена и кремасти тонови. Моделот има и дискретен шлиц кој  ја нагласува женственоста и чувството за префинетост на дамата која го носи. За да изгледате како ѕвездена дива и да оставите впечаток на модна икона, дозволете Елена Лука да ја креира вашата модна приказна.

 

Објавено:
18 јули 2014
Категорија: 
Без категорија