Добриот вкус за креирање на безвременски модни приказни отекогаш бил императив еден за модната куќа Елена Лука. Креативниот тим е секогаш во служба на желбите на своите клиенти и обожаватели и сите заедно се обидуваат да ги задоволат модните вкусови дури и на најприбирливите дами.

Вредниот тим на куќата и за денес подготви вистински моден специјалитет кој со сигурност ќе ви се допадне. Станува збор за тоалета направена во техника мулаж. Контрастната игра на монохроматските црно-бели нијанси го нагласува гламурозниот изглед на моделот, а апстрактната игра на геометриски кроеви и форми изработени од сатен, кои се особено нагласени во горниот дел, му даваат строгост на стајлингот.  За да се разбие монотонијата на строгите облици, во долниот дел на тоалетата имаме игра на бранови изработени од органтин од едната страна и лелеава свила од другата страна. Издвојте се од толпата, бидете необични и оригинални, со креациите на Елена Лука.

Објавено:
23 јули 2014
Категорија: 
Без категорија