Дами, после продолжениот викенд и уживањето во природа или покрај плажа, модната куќа Елена Лука повторно е тука за да ви помогне во модниот избор со кој ќе ја стартувате оваа последна недела од месецот јули.

Креативниот тим одлучи тоа да биде коктел фустан во темно црвена боја изработен од комбинација на сатен и муслин. Едноставниот крој во централниот дел ја „разбива“ монотонијата со инвентивна игра на мулаж техника, која е крунисана со набори што почнуваат од рамениците, а завршуваат на појасот. Тие потоа пак продолжуваат во долниот дел, креирајќи лелеаво здолниште кое нежно се бранува по должината на вашата силуета.

Бидете нежни и романтични, страствени и заводливи, носете Елена Лука.

Објавено:
29 јули 2014
Категорија: 
Без категорија