Елена Лука ви предлага стајлинг на денот
•
1 август 2014
Денес е последен ден од работната недела, а прв ден од месец август. Заокружете ја работната недела и почнете го најубавиот месец август со стил и елеганција. И да врне и да вее Елена Лука е секогаш тука за да се погрижи за вашиот моден аутфит.
За денес, ви предлагаме коктел фустан кој е целосно во боите на длабокото сино море и бескрајното широко небо. Фустанот во тиркизна нијанса во горниот дел е корсетиран и целосно изработен од плисе со страничен штрас декориран со стаклени камчиња во сребрен тон.
Во делот околу половината има набори чија улога е да го нагласат вашиот совршен струк, а свиленото здолниште е во глок форма и нежно се бранува по должината на вашите нозе.
Бидете едноставни, модерни и гламурозни во креациите на Елена Лука.