Елена Лука ви предлага стајлинг на денот
•
7 август 2014
Овој четврток моднтата куќа Елена Лука ви предлага сензуална и женствена креација за дами кои преферираат да ја нагласат индивидуалноста преку дизајнерски уникатни парчиња. Станува збор за тоалета од колекцијата „Златни Узди“ која изобилува со богати текстури и игра во кројот. Горниот дел е корсетиран, а врз него е аплицирана деликатна црна тантела, додека во долниот предел тоалетата е изработена од органтин и памучен сатен.
Веруваме дека оваа креација е одлична за Вашите посебни свечености. Бидете секогаш посебни, носете Елена Лука!