Елена Лука ви предлага стајлинг на денот
•
11 август 2014
За почеток од оваа работна недела модната куќа Елена Лука ви предлага сензуален коктел фустан во пастелна шеќерна нијанса. Доколку сте љубителки на едноставните кроеви, токму оваа креација строго се движи по силуетата, а должината завршува под колена со транспарентен дел кој е аплициран врз памучниот сатен од кој всушност е изработен целиот фустан. Оваа елегантно парче освен што е идеално за вечерните и свечени мигови, слободно може да го комбинирате и од работните стајлинзи. Доволно е само да споите лесно летно сако во некоја контрастна нијанса и работните оотните обврски од денот да ги извршувате полни со шарм и стилска самодоверба.
Бидете свои и уникатни- носете Елена Лука.