Желба на секоја дама е да изгледа елегантно, софистицирано и женствено, а модната куќа Елена Лука секогаш е во функција да ги задоволува модните апетити на сите жени и девојки. Затоа, за денес креативниот тим одлучи да ви презентира гламурозен модел на тоалета која со својот естетски израз, луксузен дизајн и убавина веруваме дека ќе ве освои.

Станува збор за црна тоалета, изработена од сјаен високо квалитетен сатен во комбинација на црна мрежа  и деликатна црна тантела која го краси предределот околу колковите.  За да се нагласи игривоста  на композицијата врз корсетирната основа на фустанот вметнат е транспарентен дел, кој пак создава уште повпечатливо деколте.

Поминете ги Вашите специјални мигови во оваа уникатна креација од Елена Лука!

Објавено:
12 август 2014
Категорија: 
Без категорија