Веруваме дека на ден пред викенд веќе размислувате за тоа што да облечете за претстојните свечености, токму бидејќи е период на свадбени прослави. Модната куќа Елена Лука се грижи за Вашите посебни мигови, а овојпат модните креативци имаат алтернатива од богата и елегантна црна тоалета. Фустанот е изработен со игра во кројот, така што во горниот дел кај градите создаден е од памучен сатен, корсетиран и конструиран со една прерамка. Акцентот е ставен на раскошните рачно аплицирани украси од монистра и камења кои придонесуваат за погламурозна естететика. Во долниот предел тоалетата е составена од внатрешна права основа од кратко жерсе, врз кое пак почнувајќи од кај градите се лелеави црн жоржет.
Нека вашиот избор биде уникатноста од македонскиот дизајн на Елена Лука.