Елена Лука ви предлага стајлинг на денот
•
20 август 2014
Денес модната куќа Елена Лука има оригинално модно решение за вас. Станува збор за троделна композиција составена од асиметрична топ маичка, здолниште во А-крој и корсет во форма на срце.
Горниот дел претставува монохроматска игра на бела сатенска топ маичка која вешто му контрира на црниот сјаен сатенски корсет. Здолништето е изработено од богати слоеви на мрежа кои во долниот дел се „крунисани“ со памучна тантелна лента.
Мултифункционален моден мозаик кој дефинитивно ќе ја разбуди вашата модна фантазија, ќе ја нагласи фигурата, а ќе ви дозволи и безброј комбинации. Затоа не чекајте, посетете ги салоните на модната куќа Елена Лука и почнете да ја раскажувате вашата урбана, елегантна и женствена модна приказна.