Елена Лука ви предлага стајлинг на денот
•
21 август 2014
Секоја дама сака да зрачи со елеганција и префинетост. Скриените модни апетити на жените и девојките се мисија која модната куќа Елена Лука веќе пет успешно ја исполнува. Затоа денес креативниот тим подготви неодолива модна композиција на која дамите нема да и одолеат. Мажи изненадете ги вашите понежни половини и однесете ги на отмена вечера.
Дами вие одлучете се да заведете со долга црна тоалета која совршено ја истакнува вашата идеална фигура благодарение на благиот сирена крој. Моделот е изработен од сјаен сатен во пруги низ кој дискретно светкаат рачно извезени монистра во форма на цевка.
Дајте му поинаква дефиниција на вашето секојдневие и дозволете си модно разгалување кое ќе го има потписот на Елена Лука.