Периодов особено актуелни се забавите и семејните прослави на отворено. Топлиот воздух и пријатните температури ви овозможуваат вистинско модно разгалување. Затоа и денес модната куќа Елена Лука го има правото решение.
Романтичните фустани во А крој се идеални доколку имате дневна, но и вечерна забава. Денешниот предлог стајлинг е модел токму во таков крој, чиј горен дел е мошне впечатлив и провокативен. Изработен е од шармес, а делот околу деколтето кое дискретно е пресечено, е попрскан со украсни камчиња во сребрена нијанса. Долниот дел е здолниште во А-крој, изработено од тул во комбинација со сатен во розова боја, која апсолутно е една од омилените оваа сезона. Носете ја фантазијата на Вас и одберете ја оваа магична креација која истовремено ќе го открие детето во Вас.