Драги дами ако денешниот ден сакате да ви биде во знакот на гламурозното и женствено модно секојдневие, дизајнерскиот тим на модната куќа Елена Лука ви подготви неверојатно романтичен и нежен стајлинг.

Станува збор за тоалета изработена од жоржет во пастелна розова нијанса. Фустанот во горниот дел е во корсет варијанта, која на половината е нагласена со набори, а за дополнителен раскошен изглед  се аплицирани светкави монистра и бисери.

За да се акцентира елегантната линија и софистицираниот крој едното рамо од фустанот и делот околу струкот се декорирани со рачно правени цветови во розов тон од истиот материјал. Тоалетата ја следи силуетата и завршува во благ сирена крој. Бидете отмена летна кралица во моделите на Елена Лука.

Објавено:
26 август 2014
Категорија: 
Без категорија