Сите вие припаднички на понежниот пол што сте љубителки на елегантниот и дамски изглед, модната куќа Елена Лука го крие вистинското решение. Доколку имате желба да ги почувствувате светлата од рефлекторите и да бидете кралица на вечерта одлучете се за денешниот предлог стајлинг.
Станува збор за црна тоалета во благ сирена крој. Горниот дел претставува вистинска игра на техники и богати текстури на материјали. Имено, корсетот е изработен во мулаж техника од свилен жоржет на кој шармантно се надоврзува елегантна прерамка во чиј дизајн умешно се испреплетени тул, жоржет и сатен за да се добие впечатлив и уникатен изглед.
Здолништето е целосно изработено од високо квалитетен црн памучен сатен и романтично се бранува по должината на силуетата.
Аритократската убавина е синоним за женственост и префинетост, затоа дозволете си го луксузот да бидете дамата и одберете ги креациите потпишани од Елена Лука.