За да постигнете уникатен ефект на дама која редовно и умешно ги следи трендовите и знае како да експериментира со модните тенденции и денес прочитајте што ви предлагаат модните експерти од Елена Лука.

Веруваме дека преку стајлинзите од претходните денови, го очекувате секој нов предлог од урбаната и летна лежерна колекција Summer colours“.

За денес ве советуваме да се одлучите за дводелна комбинација на кошула и здолниште. Кошулата е комбинација на еднобоен материјал со детали и дезен од ситно распрскани кругчиња во силна портокалова и црвена боја. Изработена од високо квалитетен памучен материјал, кошулата е на кратки ракави со руска јака. Здолништето пак, е во интензивно црвена нијанса и во популарниот А-крој. Фалтите имаат улога да го креираат појасот на моделот кој треба да го нагласи струкот, а страничните џебови на здолништето да му дадат спортско-елегантна нота на дизајнот.

Оригиналноста и автентичноста на модните изгледи од Елена Лука нека биде ваш заштитен знак ова лето.

Објавено:
3 јули 2014
Категорија: 
Без категорија