Сите уживаме во долгото топло лето, бидејќи деновите се весели и светли, а ноќите долги и романтични. Секоја дама сака да измами воздишки со својот изглед, да биде забележана и обожавана. За да биде тоа така ви треба впечатлив, провокативен, лежерен и удобен  стајлинг. Моделите од најновата специјална колекција на модната куќа Елена Лука „Summer Colours“ во своето ДНК дефинитивно ги имаат вткаено сите убавини на летото и сите потребни елементи кога е дизајнот во прашање.
За денес ви предлагаме необичен модел на макси фустан кој е изработен од високо квалитетен памучен материјал. Моделот својата провокативност ја нагласува со дискретен шлиц во предниот дел, со инвентивната игра на пресеци во делот на половината кои суптилно ги откриваат вашите атрибути и V- изразот на деколтето. Уникатен момент на оваа композиција е задниот дел каде пресеците од предниот продолжуваат со долги ленти и завршуваат на грбот во форма на панделка. Колоритната игра на монохроматските нијанси суптилно е нагласена со жолтата и зелената боја кои му даваат свежина на дизајнот и изгледот. Апстрактната игра на форми и облици нежно е распослана по должината на целиот материјал и ја прави неговата структура богата, оригинална и впечатлива. Романтично, лелеаво, секси и заводливо, тоа сте вие во моделите на Елена Лука.
Побрзајте во некој од салоните на модната куќа и одберете си некое од новите парчиња чии цени сигурно ќе ве изненадат. Сега и вие можете да си дозволите дизајнерско парче во вашиот плакар, благодарение на Елена Лука.
Објавено:
4 јули 2014
Категорија: 
Без категорија