Метеоролозите најавија дека од денес стартува недела на вистинско лето, високи температури, силно сонце и многу уживање за сите вас кои ќе заминете на годишен одмор. За целосно да ги почувствувате боите на летото и вибрациите на сончевите зраци, модната куќа Елена Лука и денес ви подготви слатко летно и модно освежување. Станува збор за модел од најновата специјална колекција „Summer Colours“.

Макси фустаните се омилено модно парче на дамите, особено во долгите топли летни денови. Затоа за денес модните експерти од Елена Лука ви советуваат да го пробате „специјалитетот“  на куќата: Макси фустан изработен од висококвалитетен памучен материјал, во свежи бои. За да се разбие монотонијата на композицијата и притоа да се нагласи вашата половина, фустанот на струкот има долга лента со функција на ремен за да ја истакне вашата силуета. Деколтето е дискретно нагласено со набори кои завршуваат со тенки прерамки и ви овозможуваат пријатно чувство додека чекорите. Уметничката игра на бои кои се форма на неправилни кругови, шармантно е распослана по должината на целиот фустан, а спојот на свежите и земјените тонови , на дизајнот му дава урбан и модерен изглед.

Побрзајте во салоните на Елена Лука за да си одберете модел од најновата колекција која има навистина пристапни цени. Бидете единствени и оригинални и носете македонски дизајн со потписот на Елена Лука.

Објавено:
7 јули 2014
Категорија: 
Без категорија