За денес Елена Лука  ве советува да се одлучите за дводелна комбинација од  топ маичка и панталони со висок струк изработени од високо квалитетен памучен материјал. Топ маичката е во сива нијанса и презентира инвентивна игра од кројот кој е предимензиониран, во предниот дел е пократка, а во задниот  подолга. Впечатливите фалти и и тенките прерамки му даваат посебен шарм на деколтето и прават да изгледа дискретно, но и малку сексапилно. Панталоните се исто така во предимензиониран крој, со висок струк и презентираат весела игра на форми и бои каде доминираат светло сините и жолтите тонови, а страничните џебови им даваат модерен и урбан изглед.

Разгазете ги песочните плажи со лесен и удобен чекор кој само Елена Лука може да ви го обезбеди.

Објавено:
8 јули 2014
Категорија: 
Без категорија