Миа и Мило, најпопуларните кучиња на Инстаграм

6 април 2023

Инстаграм има нови миленици овие денови, две преслатки кучиња Миа и Мило кои со своите видеа освојуваат на социјалните мрежи.

Станува збор за кучиња од расата goldendoodles, микс од златен ретривер и пудлица, којшто за прв пат се појавува во 90-те години.

Благодарение на игривоста наследена од ретриверот и интелигенцијата од пудлицата, двете кучиња се вистински ѕвезди на Инстаграм.

Но, она што ги прави Мило и Миа посебни е нивното необично долго, златно крзно, што блеснува во полн сјај кога надвор е ветровито.

Профилот @goldendoodledoos не е единственото место каде можат да се видат нивните интересни видеа. Двете кученца имаат и своја веб страна, goldendoodledoos.com, каде што се споделуваат корисни видеа токму за сопствениците на оваа раса.

Нивната сопственичка вели дека никогаш не ги однела кај стилист за кучиња. Таа самата повремено ги чешла и потшишува, а природата го прави своето.

Фото: Instagram, goldendoodledoos.com

Објавено:
6 април 2023
Категорија: 
Без категорија
Прочитано:
139 пати