Највљубениот пар
•
26 септември 2017
Принцот Хари и Меган Маркл за прв пат официјално се појавија во јавноста за време на Invictus Games.
Спортскиот настан во кој учествуваат спортисти во инвалидски колички, а чиј покровител е токму принцот Хари се одржа во Торонто.
Тие двајца вешто ја криеја својата приватност од јавноста, се со цел да си ја зачуваат љубовта како што ќе каже Меган за Венити Фер .
Тие ќе бидат во Торонто до 30-ти септември до крајот на игрите. Во својот неформален стил со ова појавување јасно порачуваат дека сакаат да бидат како и секој млад пар, избегнувајќи ги сите стеги и кралски протоколи кои пак прва ги прескокнуваше принцезата Дијана.
фотографии Getty images