На  овонеделните доделувања на Тинејџерските награди во  Лос Анџелес, на црвениот килим зачекорија едни од најпопуларните тин ѕвезди во Холивуд. Секако меѓу нив имаше такви кои го погрешија избраниот аутфит, а имаше и други  кои сјаеја во својот ѕвезден стил. Како модно промашување или LOL на неделата  го избравме изгледот на младата тинејџерска атракција Мајли Сајрус која на оваа свеченост носеше фустан од Сен Лоран.

 

И според модните критичари, Мајли повторно направи модна грешка, сакајќи да биде контроверзна. Нејзиниот фустан за кој не е сигурно дали така може да се нарече, открива повеќе кожа од доволно и не соодветствува со настанот. Белите чевли воопшто не одговараат и изгледа како да и фали уште каубојски шешир за комплетно да биде LOL.

Пофални комплименти за изгледот или WOW на неделата ја прогласуваме актерката Лили Колинс која се појави во креација на  Фаусто Пуглиси, кој  ја истакнува елеганцијата во предниот дел и тропско забавниот принт во долниот дел. Иако на себе речиси и нема шминка, Лили изгледа одлично и соодветно за ваква манифестација.

Објавено:
17 август 2013
Категорија: 
Без категорија