Њујорк или „Големото јаболко“ е метропола каде постојано се менуваат модните трендови и стиловите. Сепак да се биде дел од модната недела е несекојдневен и убав настан, а од таму ние направивме избор за WOW и  LOL на неделата

За WOW на неделата ја избравме Ангела Линдвали. Познатиот модел се појави на забавата на Керин Ротфилд по повод отварањето на нов магазин во креација на Пучи. Целосниот аутфит остава впечаток со самата појава бидејќи преовладува принтот низ целиот фустан и секако долгиот шлиц кој направил до израз да дојдат совршените нозе на Ангела.

За LOL на неделата ја избравме Венеса Траина која на CR Fashion Book party се појави во слоевит црно – бел фустан на Баленсијага. Иако комбинацијата од двете нијанси е во тренд, сепак целиот изглед на аутфитот изгледа некомплетно како нафрлени модни парчиња кои воопшто не се сложуваат како една целина, ниту пак одговараат на нејзината структура.

Објавено:
16 септември 2013
Категорија: 
Без категорија