WOW и LOL на неделата
•
1 октомври 2013
За WOW на неделата ја избравме неодоливата Софија Вергара која на доделувањето на наградите Еми се појави во црвена тоалета во сирена стил од Вера Ванг. Фустанот изгледаше како да е создаден за неа бидејќи облините и ги истакна доволно до степен да неизгледа вулгарно, а целосниот стајлинг го надополни со интересни прстени и обетки.
За LOL на неделата ја избравме Лили Рејб која на доделувањето на наградите Еми се појави во бела тоалета од Вионет, Кристијан Лубутан чевли и клач чанта од Келвин Клајн. Но сепак, асиметричниот фустан не одговараше на структурата на телото и без разлика што на себе има комбинација од модни парчиња од разни брендови, сепак целосниот аутфит не изгледа добро склопено.